Европската комисија го објави третиот Годишен извештај за владеење на правото

Европската комисија го објави третиот по ред Годишен извештај за владеењето на правото. Оваа година ставен е акцент на важноста на почитувањето на демократските вредности, човековите права и владеењето на правото, во контекст на случувањата во рамки на руската инвазија на Украина.

Како и претходните две години, се следат четирите клучни области: правосуден систем, антикорупциска рамка, слобода и плурализам на медиуми и останати институционални прашања поврзани со кочници и рамнотежа, а новина годинава се препораките насочени поединечно за секоја земја-членка, со цел поттикнување на земјите да продолжат со планираните реформи и да се идентификуваат проблемите кои треба да се адресираат.

Реформите во правосудниот систем кои се однесуваат на зајакнување на независноста на судиите, ефикасност и квалитетот на правдата, понатамошна дигитализација на судските системи и олеснување на пристап до правда беа спроведени од страна на многу земји-членки, но сепак останува загриженост во дел од нив во однос на судската незавиност и автономност на обвинителските услуги.

Европската унија останува една од најмалку корумпираните региони во светот, но се уште корупцијата останува загрижувачко прашање за граѓаните на ЕУ бидејќи 68% од нив сметаат дека корупцијата е многу проширена во нивната земја.

Како новина во овогодишниот извештај, се разгледуваат јавните радиодифузери и нивната значајна улога за општеството и демократијата, од која произлегува потребата за заштита на нивната независност, соодветно финансирање и ослободување од политички притисок.

За прв пат, со овој извештај се разгледува имплементирањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права од страна на земјите-членки.

За останатите наводи од Извештајот, подетално прочитајте на следниот линк:

https://ec.europa.eu/info/sites/default/files/1_1_194062_communication_rol_en.pdf

Овие и многу други прашања, ќе бидат адресирани во рамки чешкото претседателство на Советот на Европската унија, кое започна на 1 јули годинава, а за кое беше објавено дека ќе биде фокусирано на следните пет приоритетни области:

  • Управување со бегалската криза и повоено закрепнување на Украина
  • Енергетска безбедност
  • Зајакнување на европските одбранбени способности и безбедноста на сајбер просторот
  • Стратешка отпорност на европската економија

Отпорност на демократските институции

Comments are closed.