Презентирани првичните наоди од новиот циклус мониторинг на РЈА на седмиот состанок на Националната работна група
Заклучоците од кратките документи за политики „Објавување информации за јавната служба во Северна Македонија: Зошто се важни транспарентноста и отчетноста?“ и „Учество на јавноста во дефинирањето на клучни стратешки документи за реформа на јавната администрација“ беа презентирани на седмиот состанок на Националната работна група (НРГ) за реформа во јавната администрација во Република Северна Македонија.
Состанокот на НРГ се одржа во рамките на проектот WeBER 2.0 – Зајакнување на граѓанското општество од Западен Балкан за реформирана јавна администрација, а на истиот исто така беа презентирани и првичните наоди од новиот циклус на Мониторот за РЈА за 2021/2022 година.
Членовите на НРГ преку алатката Loomio, имаа можност да дадат свои предлози за новата Стратегија за реформа на РЈА 2023-2030, имајќи предвид дека Владата упати повик до граѓанските организации за учество во тематските работни групи за подготовка на новата Стратегија.