Билатерален форум Франција – Западен Балкан: Иницијатива за повторно стратешко вклучување на Франција на Западен Балкан

Целта на оваа иницијатива е да се искористи неофицијални дипломатски дебати за размислување како да се засилат економските, политичките и социјалните соработки помеѓу Франција и Западниот Балкан. Проектот ќе придонесе за рефлектирање на имплементацијата на Француската стратегија за Западен Балкан преку препораки од регионот.

ЕПИ ќе го организира еден од трите оналајн регионални настани и ќе објави докуемент за политики за политичката соработка меѓу Франција и Западниот Балкан. Фокусот на дискусиите за политичка соработка ќе биде за промоција на добрососедски односи, адресирање на миграциски предизвици, борба со тероризам и друго. Препораките за политичка, економска и социјална соработка ќе бидат презентирани во Франција пред француското претседателство со Советот на ЕУ.

Проектот ќе биде спроведе во партнерство со Еуроактив, Австриско-францускиот центар за приближување во Европа (ÖFZ), Фондацијата Жан Жур, Институот за соработка и развој (CDI), Центарот за европски политики (CEP) и партнери од регионот. Иницијативата ќе биде спроведена во 2021 година.

Comments are closed.