Кампања за застапување и лобирање „Разбистри сè“

Институтот за европска политика – Скопје се приклучи на кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сè“ која ја води Институтот за комуникациски студии заедно со 43 граѓански организации, факултети и медиуми.

„Разбистри сè“ има за цел да се подигне свесноста на граѓаните за овие проблеми и да се зголеми влијанието за носење или промени на јавните политики. Во текот на 2021 година, кампањата за застапување и лобирање ќе се фокусира на потребата за одржливо управување со водата и за поефикасен инспекциски надзор против прекумерното искористување на природните ресурси.

Како дел од оваа кампања, ЕПИ ќе организира јавна дискусија, ќе објави публикации и ќе организира консултација со граѓани на специфични теми во областа Животна средина.

Comments are closed.