WeBER2.0 (Зајакнување на граѓанското општество од западниот Балкан за реформирана јавна администрација)

Во декември 2019, ЕУ го поддржа продолжувањето на WeBER – Проект за креирање на овозможувачка околина во земјите од ЗБ за мониторинг на реформите на јавна администрација од страна на граѓанско општество, тригодишен проект кој што беше имплементиран од 2015 до 2018 и финансиран од Европската Унија и кофинансиран од Кралството Холандија. Водени од СИГМА принцпите, WeBER започна со пристап заснован врз докази од страна на граѓанските организации за мониторинг на прогресот на владите во реформите на јавната администрација базирани на барањата на ЕУ. Исто така овој проект изгради и барање за реформи од долу, креирајќи регионална WeBER платформа за РЈА дијалог и ги зајакна граѓанските организации преку градење на капацитети и консултациски настани и состаноци. Ова ги постави темелите за континуирано вклучување на граѓанските организации во РЈА, потпирајќи се на регионален пристап и регионално споредливи резултати од набљудувањата на WeBER.

Со новото име, Зајакнување на граѓанското општество од западниот Балкан за реформирана јавна администрација (Western Balkan Civil Society Empowerment for a Reformed Public Administration), WeBER 2.0 се ослонува на резултатите од првиот WeBER проект и објавените РЈА извештаи од мониторингот, регионалната консултативна платформа и Фондот за мали грантови за поддршка на граѓанско следење на реформите во јавната администрација на локално ниво. WeBER 2.0 ќе трае до декември 2022.

Како и претходниот циклус, WeBER2.0 ќе биде имплементиран од шест организации од западниот Балкан, членки на мрежата Think for Europe- TEN ( Центарот за европски политики- CEP БелградИнститутот за демократија и медијација – IDM ТиранаИнститутот АлтернативаInstitute Alternative – IA Подгорица, Иницијатива за надворешна полтика – FPI СараевоГрупа за правни и политички студии – GLPS Приштина, и Институтот за европска политика – EPI Скопје), координиран од Центарот за европски политики од Белград. Исто така, партнер на овој проект е и European Policy Centre – EPC од Брисел.

Овој проект ќе го зајакне ангажманот на граѓанските организации во реформите во јавната администрација преку мониторинг базиран на докази, на линија со барањата на ЕУ. Исто така ќе го зајакне и дијалогот помеѓу граѓанските организации и владата на регионално, национално и локални ниво.

Comments are closed.