Стефан Ристовски е истражувач во ЕПИ од декември 2019 година. Стефан магистрирал на програмата Европски економски судии [бизнис специјализација] на Колеџот на Европа во Бриж, а дипломирал на Економскиот факултет – Скопје на департманот Надворешна трговија.
Стефан работи на следење на пристапниот процес на Северна Македонија во Европската Унија и секторските политики. Ангажиран е во проектите ЦИВИКА и регионални проекти на ТЕН мрежата. До сега, учествувал во пишувањето на неколку билтени за состојбата со ковид-19 во Централна и Источна вропа.
Пред работниот ангажман во ЕПИ, Стефан работел во ЕвроЕвентс – Институт за истражувања на пазарот на проекти од областите усогласеност со регулативи и транспарентност, и прекугранична здравствена заштита со фокус на Европското acquis.