Потребен е позитивен сигнал од ЕУ, но Северна Македонија треба да си ја заврши домашната задача за спроведување на реформи

Иако усвојување на преговарачката рамка од страна на Советот на ЕУ и одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија е важен чекор и позитивен импулс за владата и институциите, сепак, неопходно е државата да има јасна визија и стратегија независно од одлуките на Европските институции, континуирана соработка и координација помеѓу институциите, на политичко и […]

Медијацијата нуди полесен и побрз пристап до правдата, но потребна е поголема промоција и информирање

Приватниот сектор, но и јавната администрација не се доволно запознаени со предностите на медијацијата, покажуваат резултатите од спроведеното истражување од страна на Институтот за европска политика (ЕПИ). На денешната дискусија „Со медијација кон подобрување на правото за пристап до правда“ беа презентирани клучниот наоди од спроведеното истражување со претставници на јавната администрација, како и приватниот [...]

Дијалог за политики: Северна Македонија има повеќе судии од европскиот просек, но нашите судии имаат и повеќе предмети за решавање

Иако според Стратегијата за реформи во правосудниот сектор, но и во други документи, се посочува дека бројот на судии е поголем од европскиот просек, доколку се мери според бројот на населението, сепак нашите судии, статистички, имаат поголем број предмети за решавање. Секое намалување на нивната бројност штетно ќе се одрази врз функционирањето на судскиот систем. […]

Дигитализацијата ќе обезбеди побрз пристап до правда и поголема транспарентност на судството

Со дигитализацијата на судството и јавното обвинителство се заштедува време во спроведување на постапките, се олеснува електронското движење на документите низ судските инстанци, обвинителствата и другите институции кои вршат кривичен прогон и ќе ја подобри севкупната поврзаност на овие институции. Дигитализацијата ќе ја оневозможи злоупотребата на правата на учесниците во судските постапки со одолговлекување на [...]

Пет организации ќе ја следат реформата на јавната администрација на локалнo ниво преку грантови од проектот ВЕБЕР 2.0

Пет организации од земјава станаа грантисти на проектот WeBER 2.0 и ќе работат на следењето на реформата на јавната администрација на локално ниво.  Организациите ќе работат на проекти за дигитализација и професионализација на администрацијата во општини, подобрување на човечките ресурси во локалната самоуправа, како и поттикнување на е-услугите и консултациите за кроењето на буџетите според [...]

Хрватските искуства за реформите во правосудството тема на студиската посета организирана од ЕПИ

Претставници од македонските институции и организации кои работат во делот на правосудството разменија искуства и препораки во овие области со нивните колеги од Хрватска. Виртуелната студиска посета беше организирана од Институтот за европска политика (ЕПИ) во рамките на проектот „Партнерство Јустиција: Враќање на довербата на граѓаните“.   ЕПИ, како организација која подолго време ги следи […]

Клучните наоди од Националниот извештај за мониторинг на РЈА презентирани на шестиот состанок на Националната работна група за РЈА

Клучните наоди од вториот Национален извештај за мониторинг на РЈА 2019/2020 денес беа презентирани пред Националната работна група за реформа на јавната администрација во Северна Македонија. Истражувачите на ЕПИ, Јулијана Караи и Ангел Мојсовски пред претставниците на организациите во НРГ презентираа дел од резултатите од извештајот. Целосниот извештај ќе биде објавен деновиве. На шестиот состанок [...]

Со виртуелна студиска посета ЕПИ ги поврза македонските и бугарските правници за размена на искуства и предизвици за реформите во правосудството

Судии, правници, претставници од невладиниот сектор и претставници од Министерството за правда во периодот од 14 до 16 јуни одржаа виртуелни состаноци со нивни колеги од Бугарија со цел размена на искуства и препораки за реформите во правосудниот сектор. Состаноците беа организирани од Институтот за европска политика (ЕПИ) во рамките на проектот „Партнерство Јустиција: Враќање […]

Конференција: Медијацијата е ефикасен начин за решавање на спорови и постигнување на вин-вин ситуација

Бројот на предметите кои се решаваат со медијација постојано расте. Минатата година, медијаторите прикажаа 1943 предмети во регистарот за евиденција на постапки за медијација. Од оваа бројка, 65 проценти или 1275 завршиле со спогодба. Медијацијата им заштедува и пари и време на граѓаните и компаниите, избегнувајќи долги и скапи судски спорови, а нуди и доверливост [...]

Дебата: Недостатокот на јасна стратегија ја влоши економската криза предизвикана од КОВИД-19

Пандемијата на КОВИД-19 предизвика еден бран кој никој не можеше да го предвиди. Најголем удар претрпеа малите бизниси, луѓето кои беа самовработени и отвараа работни места. Покрај тоа што ова беше непредвидлива криза, недостатокот на соработка, планирање и јасна стратегија доведе до уште поголема уназаденост. Првата реакција во однос на мерките кои треба да се [...]