Декодирај ја ЕУ – Заедничко комуницирање на политиките на ЕУ

Со задоволство споделуваме дека ни беше доделен грант во рамките на проектот „Поддршка за европската интеграција на Северна Македонија“, кој го спроведува УНОПС (UNOPS) во партнерство со Министерството за европски прашања, а со поддршка од Шведска и Швајцарија. Нашата акција, „Декодирај ја ЕУ – Заедничко комуницирање на политиките на ЕУ“, се надоврзува на аналитичката експертиза […]

Информативна сесија за грантовата шема „Реформа за раст“

Институтот за европска политика – Скопје организира информативна сесија за грантовата шема „Реформа за раст“ во рамките на проектот „Следење реформи и раст во Западен Балкан“. Информативната сесија ќе се одржи на ден 27 март 2026 година (петок) онлајн преку платформата Zoom во 13.00 часот. За повеќе информации поврзани со повикот за грантовата шема за доделување […]

Реформа за раст: Механизам за мали грантови

Проектот  „Следење реформи и раст во Западен Балкан“, спроведуван од членови на мрежата Мисли за Европа (ТЕН) и Транспаренси Интернешнл – Босна и Херцеговина (ТИ-БиХ), со поддршка од Европската Унија, објавува Повик за предлози во рамки на Механизмот за мали грантови „Реформа за раст“. Целта на овој Повик е да ги зајакне граѓанските организации во […]

Краток коментар околу Предлог-законот за високи раководители во органите на државната управа и фондовите

Нѐ радува што конечно се отвора широка и суштинска дискусија за овој предлог-закон. Неговата подготовка започна уште во 2017 година, а ЕПИ од самиот почеток континуирано дава забелешки и препораки преку извештаите за мониторинг на реформата на јавната администрација, како и во своите документи за политики. Притоа, во повеќе наврати се прашувавме дали Владата се […]

[Отворен повик] Онлајн фокус група за функционалноста на MERC.org.mk

Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје, во рамките на проектот „Градиме мостови за заедничка иднина: Владеење на правото во насока на пристапувањето во ЕУ“ организира фокус група за студенти и претставници на граѓански организации во врска со подобрување на МК-ЕУ Ресурсниот центар (merc.org.mk). Целта на фокус групата е да се чујат ставовите на граѓаните […]

ФРА: Потребни се системски промени за да се стави крај на насилството врз лицата со попреченост во институциите

Занемарувањето, злоупотребата и насилството врз лицата со попреченост кои живеат во институции се широко распространети низ ЕУ. Новиот извештај на Агенцијата за темелни права на Европската унија (Fundamental Rights Agency, FRA) покажува дека нормализирањето на насилството, пречките за пријавување злоупотреби и недостигот од ефикасен надзор ги поткопуваат правата на лицата со попреченост. FRA ги повикува […]

EK ги објави своите први проценки и даде зелено светло за делумно ослободување на средства за Црна Гора и Северна Македонија во рамките на Планот за раст

Европската комисија го одобри првичното ослободување на средствата во рамките на Механизмот за реформи и раст за Западен Балкан, во согласност со одлуките за имплементација донесени на 30 јули 2025 година. Овие одлуки за имплементација ги специфицираат износите и постапката за ослободување на неповратната и кредитната поддршка за Црна Гора и Северна Македонија. Одлуките за […]

Извештај за владеењето на правото на ЕК: Недоволна независност на правосудството

Европската комисија го објави својот шести по ред Извештај за владеење на правото, а втор за неколку земји кандидатки – Северна Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија. Минатогодишната најава за внесување на други земји кандидатки во овој инструмент не се исполни, ниту пак беа воведени препораки за земјите кандидатки како што е случајот со извештаите […]

Форум Еуропеум 2025: Владеењето на правото и Планот за раст како двигатели на пристапувањето во ЕУ

Во време на засилен фокус на проширувањето на Европската Унија и имплементацијата на Планот за раст за Западен Балкан, Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје на 8 јули 2025 година ја организираше традиционалната конференција Форум Еуропеум. Настанот го отворија директорката на ЕПИ, Симонида Кацарска, Бен Нупнау, заменик шеф на мисијата во Делегацијата на ЕУ […]

Изборни манипулации, насилство врз жените, онлајн омраза: Тешки времиња за фундаменталните права во 2025 година

Закани за демократијата, високо ниво на насилство врз жените и злоупотреби на правата на границите на ЕУ. Ова се некои од клучните предизвици детално опишани во Извештајот за фундаменталните права на ФРА за 2025 година. Извештајот обезбедува убедливи докази за загрозеноста на фундаменталните права низ цела Европа, повик за будење за земјите-членки и институциите на […]