Презентација на основната анализа за Ромите повратници во Македонија
На 4 април во хотелот Буши се одржа презентација на основното истражување околу реинтеграцијата на Ромите повранитици во Македонија. На настанот беа презентирани резултатите од основната анализа која е втемелена на квалитативно истражување на документи за политики и практики, како и интервјуа со засегнати страни. Засегнати страни во овој случај беа Ромите повратници, Фондот за здравство, Центрите за социјална работа, образовните центри како и надлежните министерства.
Можете да ја погледнете анализата на линкот: Предизвиците на Ромите повратници во Македонија – извештај
Овој настан претставува завршен настан од проектот „Поттикнување на оддржлива реинтеграција на Роми повратници во Македонија”. Проектот го спроведуваа Институтот за европска политика, заедно со НВО КХАМ од Делчево KHAM DELCEVO. Проектот е финансиран од страна на Тинк Тенк Фондот и Канцеларијата за ромски иницијативи при Фондацијата Отворено oпштество.