Повик за учество на дебатен настан во Битола
Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје објавува повик за учество на дебатен настан „Новите геополитички случувања и влијанието врз Северна Македонија“.
Настанот е замислен да биде поделен во два дела, првиот дел ќе се фокусира на дискусијата на учесниците каде учесниците ќе разговараат за дадената тема едни со други според прашањата подготвени од модератор, додека вториот дел се однесува на сесијата со прашања и одговори на кој одговори би давале експерти.
Овој е втор од трите планирани дебатни настани, во кои граѓаните ќе дискутираат за новите геополитички случувања, местото на Северна Македонија во Европа и светот, како и влијанието од кризите врз позициите на земјава. Оваа дискусија, заедно со останатите дебатни настани кои ќе се организираат во други градови, ќе биде основа за организирање на Националната дебатна анкета во 2024 година.
Настанот ќе се одржи на 29 мај во 10 часот во просториите на Универзитеот Климент Охридски во Битола и предвидено е да трае 3 часа.
За учеството на настанот е предвиден паричен надомест од 933 денари (бруто).
Пријавете се за учество на локалниот дебатен настан во Битола со пополнување на прашалникот. Настанот е наменет за жителите на Пелагонскиот регион.
Пријавувањето е отворено до 23 мај, а избраните учесници ќе бидат информирани на 25 мај.
За повеќе информации и прашања може да се обратите на info@epi.org.mk.