Стефан Ристовски е истражувач во Институтот за европска политика – Скопје кој работи на следење на процесот на пристапување на Северна Македонија во Европската Унија и секторските политики на ЕУ. Неговата работа во ЕПИ ги опфаќа темите на економските реформи, регионалната соработка и интеграција, социјална безбедност и инклузија. Тој има искуство во приватниот сектор работејќи во индустријата за настани за усогласеност во животните науки и прекуграничната здравствена заштита. Стефан студирал европски економски студии на Колеџот на Европа и меѓународна трговија на Економскиот факултет – Скопје.