Годишен извештај за владеењето на правото: Работата (сé уште) е во тек

Овој краток документ за политиката го анализира годишниот извештај за владеење на правото, којшто произлегува од европскиот механизам за владеење на правото – годишен циклус наменет да ги идентификува предизвиците и потенцијалните ризици по владеењето на правото и да ги спречи да се трансформираат во прекршување на владеењето на правото.

Извештај на ФРА: Зголемените трошоци за живот и расизмот ја загрозуваат заштитата на основните права во Европа

Основните права на луѓето се загрозени низ цела Европа. Ова се должи на зголемените нивоа на сиромаштија, постојаните закани по демократијата, распространетиот расизам и предизвиците што се случуваат во контекст на миграцијата, се вели во Извештајот за фундаментални права на ФРА за 2024 година. Овие закани ја нагласуваат потребата да се обезбеди силна и одржлива [...]

Извештај од локалните дебатни настани: Новите геополитички случувања и влијанието врз Северна Македонија

Институтот за европска политика – Скопје организираше три локални дебатни настани во Тетово, Битола и Скопје во периодот помеѓу февруари и октомври 2023 година. Овие дискусии имаа цел да ги вклучат граѓаните во сеопфатни дебати со релевантни носители на одлуки и експерти, да ги чуе нивните мислења за клучните теми и да овозможи поголема информираност [...]

Има напредок, но не е доволен: Директивата на ЕУ за борба против насилството врз жените и семејното насилство

На почетокот на месец мај беше усвоена Директивата на ЕУ за борба против насилството врз жените и семејното насилство. Таа претставува важен чекор напред во справувањето со сеприсутното прашање за родово-заснованото насилство во рамките на Европската Унија. Овој документ ги разгледува клучните аспекти на оваа Директива, контекстот што ја опкружува, нејзината важност и нејзините недостатоци.

Започна втората фаза од четвртиот циклус на УПП за Северна Македонија

Универзалниот периодичен преглед (УПП) беше основан во 2006 година од страна на Советот за човекови права на Обединетите Нации (ООН) како уникатен механизам заснован на принципите на универзалност, соработка, еднаков третман на сите земји-членки и меѓусебен интерактивен дијалог. УПП се сосредоточува на идентификување на предизвиците и можностите за унапредување на човековите права во секоја држава. […]

Краток документ: Владеење на правото во поглед на пристапувањето во ЕУ – јануари-март 2024

Овој краток документ дава преглед на клучните случувања поврзани со владеењето на правото во поглед на пристапувањето на Република Северна Македонија во ЕУ за периодот од јануари до март 2024 година. Тој вклучува следење на темелите на пристапувањето во ЕУ, вклучувајќи ги и клучните случувања во областа на функционирањето на демократските институции, реформата на јавната [...]

Работилница за Универзалниот Периодичен Преглед: Зајакнување на капацитетите на собранискиот персонал

Институтот за европска политика (ЕПИ), во соработка со Организацијата на Обединетите Нации, успешно ја организираше работилницата „Градење капацитети за собранискиот персонал за Универзалниот периодичен преглед (УПП)“,  на 21-22 март 2024 година, во хотел Радика, Маврово. Целта на работилницата беше да се зајакнат капацитетите на собранискиот персонал и да се зголеми нивната способност за ефективен придонес [...]

Определување на курсот: Владеење на правото како темел на проширувањето на ЕУ

На денешниот дијалог за политики што го организираше Институтот за европска политика насловен „Владеењето на правото во членките на ЕУ и земјите кандидати: Предизвици и научени лекции“, се собраа експерти и претставници од граѓанските организации да разговараат за состојбата на владеењето на правото во Европската унија и земји кандидатки. Говорници на настанот беа Марија Скора […]

ЕПИ презентираше на 46. Претсесија од четвртиот циклус на УПП и одржа застапувачки состаноци со постојани мисии во ООН

ЕПИ минатата недела учествуваше на 46. претсесија од четвртиот циклус на Универзалниот периодичен преглед (УПП) во канцелариите на Обединетите нации во Женева, Швајцарија. Нашата истражувачка, Ангела Делевска ја презентираше изјавата на ЕПИ која опфаќа две актуелни прашања, предизвиците и пречките за независноста и плурализмот на националното тело за еднаквост, односно Комисијата за спречување и заштита […]

Краток документ: Владеење на правото во поглед на пристапувањето во ЕУ – октомври-декември 2023

This brief summarises the key developments in relation to the rule of law in view of EU accession in North Macedonia for the period October–December 2023. It includes the monitoring of the fundamentals of EU accession, including key developments in the functioning of democratic institutions, public administration reform and Chapter 23: Judiciary and Fundamental Rights. [...]