Почетен состанок на проектот “Зајакнување на организациите за заштита на потрошувачите за подобри општински услуги во ЈИЕ”

Фев 22, 2015

epiadmin

Настани

0

Почетниот состанок на проектот “Зајакнување на организациите за заштита на потрошувачите за подобри општински услуги во Југоисточна Европа” се одржа во Белград во февруари, 18-ти 2015 година. На состанокот од ЕПИ присуствуваше  Ардита Абази Имери, Програмски координатор за секторски политики.
Проектот е финансиран од страна на германската организација за меѓународна соработка (Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit) – ГИЗ, преку Отворен Регионален Фонд за Модернизација на Општинските услуги и се спроведува од страна на  Think for Europe Network (TEN).
Глвана цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на организациите за заштита на потрошувачите и тела на локално и на национално ниво во Југоисточна Европа, особено во контекст на европската интеграција. Со проектот се очекува да се подобри заштитата на интересите на потрошувачите и да се зголеми меѓусебната доверба меѓу корисниците и давателите на услуги и на тој начин да придонесе за квалитет на услугите. Иако земјите на Југоисточна Европа, веќе имат усвоени законски одредби за заштита на потрошувачите, степенот на свеста за правата на потрошувачите е ниска, особено во однос на правата што ги имаат и услугите обезбедени од комунални претпријатија основани од единиците на локалната самоуправа.

Организациите за заштита на потрошувачите од сите три земји (ТЕN – земји) , ќе бидат вклучени во имплементацијата на проектот, а истовремено проектот предвидува и постепено вклучување и на организациите за заштита на потрошувачите од другите земји од регионот.

Проектот ќе ги постигне следниве резултати: 1) организациите за заштита на потрошувачите, ќе развијат позиција за предизвиците поврзани со  правата на потрошувачите за општинските услуги, 2) организациите на потрошувачите ќе ги  зајакнат нивните капацитети за подигнување на свеста и подобрување на нивото на информации  на нивните целни групи, 3) ќе бидат идентификувани потенцијалните иницијативи за соработка меѓу организациите на потрошувачите со други заинтересирани страни на регионално и национално ниво.

 

 

Линк: http://www.europeanpolicy.org/en/home/179-news/583-kick-off-meeting-of-the-project-strengthening-consumer-protection-organisations-for-better-municipal-services-in-see.html

Post by epiadmin

Comments are closed.