Во овој краток документ за политики се предлагаат конкретни мерки за подобрување на пристапот до јавните услуги за граѓаните со и без попреченост во Република Северна Македонија. Документот е изготвен во рамките на Проектот за следење на реформата на јавната администрација – Овозможување на реформата на јавната администрација во Западен Балкан (ВeБЕР 3.0). Методолошката рамка се потпира на комбинација од нормативна анализа на националното законодавство и институционалните механизми со споредба на усогласеноста со конвенциите на Обединетите нации (ОН) и судската пракса, релевантни за оваа област. При примената на методолошката рамка се користи пристап на комбинирани методи, втемелен на нормативно-законодавна анализа, дефинирање на квантитативни одредници и мислења на засегнатите страни во однос на квалитетот. Во овој документ исто така се користи и анализата на наодите од фокус-групата одржана на 12 мај 2025 година. Овој краток документ ги истакнува системските недостатоци во давањето јавни услуги за ранливите групи граѓани со и без попреченост. Структурната рамката на документот ги следи Принципите на јавната администрација (исто така познати и како СИГМА принципи), а во целите на оценка на кохерентноста на правната рамка, институционалните практики и инклузивната еднаквост.