Втора група на сегашни и идни обучувачи за медијација поминаа обука за методи и вештини од холандски експерти
Нова група на сегашни и идни обучувачи за медијација, како и лиценцирани медијатори добија обука за методи и вештини од страна на експерти од Холандија во текот на минатата недела.
Оваа втора обука за техники и вештини за медијација беше одржана од страна на искусните екпертки и медијатори, Хеа ван Кломпенбург и Марјон Куиперс од Меѓународниот регистер за медијација и Холандската федерација на медијатори.
На нив им се придружија Јан ван Цвитен, Мајке Смит и Марлен Панис. Учесниците од експертката Мајке Смит дознаа повеќе за системскиот пристап на медијацијата, а од Марлен Панис увидоа каква е медијацијата во кривичните постапки согласно холандското законодавство.
Оваа втора обука беше организирана во рамките на проектот „Медијација, без дилема!“, кој Институтот за европска политика (ЕПИ)- Скопје го спроведува во соработка со Академија за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев’’, Комора на медијатори на Република Северна Македонија и Холандска федерација на медијатори. Проектот е финансиран од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.