[Infografik] A mund të na dëgjoni përmes ekranit? Të rinjtë për një hapësirë të sigurt në internet?

Оваа серија инфографици ги презентира заклучоците од граѓанските консултации со млади „Се слушаме ли преку екранот – Младите за безбеден интернет простор“. Овој настан имаше за цел да ги разбере  позитивните или негативните искуства на учесниците на Интернет, и нивните мислења за тоа кои активности и кои засегнати страни треба да ги спроведат тие активности за да се подобри искуството на Интернет. Извештајот од настанот е достапен на следниот линк.

Настанот беше организиран како дел од проектот „ Направи иднина заедно: ЕУ и Западен Балкан од младинска перспектива“ спроведен од Институтот за европска политика – Скопје во соработка со организациите членки на мрежата Think for Europe- TEN. Методологијата за спроведување на овој настан ја подготви Европскиот центар за политика (EPC) – Брисел.

Проектот е финансиран од програмата „Европа за граѓаните“.