Потпишан меморандум за соработка помеѓу Институтот за европска политика и Mинистерството за информатичко општество и администрација
Директорката на ЕПИ, Симонида Кацарска и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски денес потпишаа меморандум за соработка за успешно спроведување на проектот WeBER.
Во наредниот период, соработката ќе се остварува преку остварување средби, состаноци, работилници со цел остварување на целта на проектот, односно следење на реформите во јавната администрација, зголемување на релевантноста и капацитетот на граѓанските организации и медиуми во земјите од западниот Балкан.
Повеќе за проектот WeBER може да прочитате тука
Во пресрет на започнувањето на преговорите за членство во ЕУ и усвојувањето на преговарачката рамка, реформите во јавната администрација добиваат на значајност, со оглед на тоа што тие се дел од првиот кластер „основи“.