Извештај во сенка за Поглавје 23 за периодот април 2020-септември 2021

Овој извештај во сенка ги обединува во единствена кохерентна целина сите наоди, заклучоци и препораки што произлегоа од следењето на областите содржани во Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права. Ова е шести ваков извештај што го објaвува Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ), земајќи ги предвид коментарите и мислењата на невладините организации. Претходните [...]

Можен ли е импулс за реформи?

Анализа на Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија од 19 октомври 2021 година Контекстот во кој се објави Пакетот за проширување оваа година, го обележуваат справувањето со кризата со Ковид-19, понагласените геополитички и геостратешки фактори, енергетската криза, но и миграциските прашања кои повторно се актуелизираат. Во самата ЕУ е сѐ повидлив расцепот околу [...]

Извештај за 2020 година за резултатите од спроведувањето на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017 – 2022 година

Акцискиот план за спроведување на Стратегијата за реформа на правосудството 2017-2022 (Стратегијата) содржи показатели што треба да го утврдат степенот до кој мерките од Стратегијата се спроведуваат успешно. Сепак, овие показатели се претежно ориентирани кон мониторинг на продуктите од предвидените активности и посветуваат малку внимание на исходите (outcomes) и влијанието (impact) врз Стратегијата. Освен тоа, [...]

Анализа на квалитет и воедначеност на судските одлуки во граѓанско-правната област

Анализата на квалитет и воедначеност на судските одлуки во граѓанско-правната област изработена од страна на Душко Георгиевски, опфаќа 88 анонимизирани одлуки од четирите апелациски подрачја донесени во периодот од 2017 до 2020 година (со исклучок на една, која е донесена на почетокот на 2021 година). Секоја од одлуките се анализираше одделно, врз основа на критериумите [...]

Анализа на квалитет и воедначеност на судските одлуки во кривично-правната област

Согласно практиката на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), гаранциите предвидени во член 6 од Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП) вклучуваат обврска за судот, тој да овозможи и да продуцира соодветни и доволни образложенија на своите судски одлуки. Правото на образложени одлуки претставува клучна компонента на правичност на расправата што се заснова на практиката [...]

Анализа на уредби со законска сила

Блупринт групата за реформи во правосудството подготви анализа на уредбите со законска сила кои во континуитет ги носеше техничката Влада за време на вонредната состојба во 2020 година. Овој документ ја анализира уставноста, пропорционалноста и соодветноста на уредбите, притоа давајќи оценка за нивното влијание врз правната сигурност во државата за време на вонрендата состојба. DOWNLOAD [...]

Рамномерниот регионален развој како спас за депопулација на Република Северна Македонија

Предмет на ова истражување е дали рамномерниот регионален развој претставува спас за депопулацијата на Северна Македонија. Овој труд има цел да лоцира кои се причините за нерамномерниот регионален развој, дали се постојната институционална структура, финансиските средства, планирањето, односно дали треба различен пристап за решавање на овој предизвик преку конкретни предлози. За потребите на овој труд [...]

Рамномерен регионален развој во Република Северна Македонија: Причини за нерамномерност и позитивни примери за развој

Според податоците од Државниот завод за статистика, диспаритетот во развојот помеѓу македонските региони е видлив и очигледен. Но, ако не ги гледаме само бројките туку и реалната слика што ја имаме во другите градови, ќе видиме дека регионалниот развој во Република Северна Македонија е нерамномерен. Имаме комплетно празни села, запустени локални патишта, градови и региони [...]

ЗДРУЖУВАЊЕ, ЗБУНЕТОСТ ИЛИ ЗЛОУПОТРЕБА – Улогата на синдикатите во заштитата на работниците

Овој труд ја анализира улогата на синдикатите во работните односи низ призмата на нивниот правен субјективитет. Целта е преку претставување на две различни стојалишта во однос на правниот статус, да се покаже на кој начин наодите од спроведеното истражување ја наметнуваат тенденцијата да се оспори постојното статус-кво. Имајќи ја предвид асиметричната моќ помеѓу синдикатите на [...]

Како да се зајакне улогата на синдикатите во заштита на работничките права?

На глобално ниво постои литература што ги тангира современите предизвици со кои се соочуваат синдикатите, но се чини дека во оваа дебата недостигаат иновативни решенија за соочување на синдикатите со современите економски предизвици. Што се однесува, пак, до Република Северна Македонија, ретка е литературата што го дискутира зајакнувањето на македонските синдикати. Односно, политичко-економската дебата е [...]