Анализа за примена на медијацијата во Северна Македонија

Анализа за примената на медијација во Северна Македонија подготвена во рамките на проектот „Медијација, без дилема“ кој го спроведува Институтот за европска политика (ЕПИ)- Скопје го спроведува во соработка со Академија за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев’’, Комора на медијатори на Република Северна Македонија и Холандска федерација на медијатори. Проектот е финансиран од Амбасадата на [...]

Краток документ: Владеење на правото во контекст на пристапувањето кон ЕУ – јануари-март 2022

Во овој документ за политиките накратко се обработени клучните настани во областа на владеењето на правото во контекст на пристапувањето на Република Северна Македонија во ЕУ, што се случиле во периодот од јануари до март 2022 година. Документот опфаќа мониторинг на темелните прашања за пристапот во ЕУ (fundamentals), како и клучни документи во функционирањето на [...]

Бистра и чиста, вода достапна за сите?! Проблеми и перцепции на граѓаните

Водата е еден од основните елементи за обезбедување на здравјето на луѓето и здрава животна средина. Пристапот до квалитетна вода за пиење за сите граѓани е неоходен за нивниот добробит, и заштита на јавното здравје. Заштитата на природните и вештачките езера, и реките е важна, како за човекот, така и за растителниот и животинскиот свет. [...]

Извештај во сенка за Поглавје 23 за периодот април 2020-септември 2021

Овој извештај во сенка ги обединува во единствена кохерентна целина сите наоди, заклучоци и препораки што произлегоа од следењето на областите содржани во Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права. Ова е шести ваков извештај што го објaвува Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ), земајќи ги предвид коментарите и мислењата на невладините организации. Претходните [...]

Можен ли е импулс за реформи?

Анализа на Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија од 19 октомври 2021 година Контекстот во кој се објави Пакетот за проширување оваа година, го обележуваат справувањето со кризата со Ковид-19, понагласените геополитички и геостратешки фактори, енергетската криза, но и миграциските прашања кои повторно се актуелизираат. Во самата ЕУ е сѐ повидлив расцепот околу [...]

Перцепција на јавната администрација и приватниот сектор за медијацијата како начин за решавање на спорови во Република Северна Македонија

Медијацијата претставува постапка на мирно вонсудско решавање на спор во која страните доброволно се обидуваат да го решат конфликтот преку преговори со помош на еден или повеќе медијатори кои како трета неутрална и непристрасна личност помагаат во преговорите насочени кон постигнување заемно прифатлив компромис за решавање на конфликт или спор. Споредено со судските постапки, медијацијата [...]

Нов извештај на ЕК: Без изненадувања

Презентацијата на пакетот за проширување во Комисијата за надворешна политика од страна на комесарот Вархеји беше видливо во сенка на блокираниот пристапен процес на Северна Македонија и Албанија и неможноста  државите членки да ја донесат одлуката за почетокот на преговорите со двете држави. Во овие услови, Комисијата безбедно останува на веќе познатите главни наоди и [...]

Локални дебатни настани: Граѓан(к)ите сè погласни за општествените прашања

Процесот на европеизација и стремежот кон исполнување на европските стандарди веќе подолг период јавува голем интерес помеѓу граѓан(к)ите во однос на индивидуалните цели на Република Северна Македонија. Дополнително, 2020 година, беше обележана од КОВИД-19 кризата, при што на површина ги исфрли главните потешкотии на организација на власта, нејзиното функционирање и начин на справување во кризни [...]

Извештај за 2020 година за резултатите од спроведувањето на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017 – 2022 година

Акцискиот план за спроведување на Стратегијата за реформа на правосудството 2017-2022 (Стратегијата) содржи показатели што треба да го утврдат степенот до кој мерките од Стратегијата се спроведуваат успешно. Сепак, овие показатели се претежно ориентирани кон мониторинг на продуктите од предвидените активности и посветуваат малку внимание на исходите (outcomes) и влијанието (impact) врз Стратегијата. Освен тоа, [...]

Извештај од втората годишна анкета за мерење на задоволството на корисниците на судовите

Анализата на задоволството на учесниците во судските постапки е дел од проектот и има цел да го измери задоволството на странките во судските постапки, како и ефектите од реформите на правосудството. Анализата се спроведуваше преку анкета на повеќе целни групи во две последователни години, во 2019 и 2020 година, со цел да се измери колку [...]