Бистра и чиста, вода достапна за сите?! Проблеми и перцепции на граѓаните
Водата е еден од основните елементи за обезбедување на здравјето на луѓето и здрава животна средина. Пристапот до квалитетна вода за пиење за сите граѓани е неоходен за нивниот добробит, и заштита на јавното здравје. Заштитата на природните и вештачките езера, и реките е важна, како за човекот, така и за растителниот и животинскиот свет. За да се обезбедат сооветни политики за управување со водите, важно е институциите да ги знаат проблемите и потребите на граѓаните, како и приоритетите на граѓаните на локално и национално ниво.
Дискусијата со граѓани „Достапна и чиста вода за сите“ имаше за цел да ги разбере ставовите на граѓаните за проблемите и решенијата за подобрување на пристапот и квалитетот на водата за пиење, загадувањето и заштитата на водите во државата. Во овој извештај се презентирани искуствата и перцепциите на граѓаните за актуелните состојби со водата за пиење и површинските води во нивните општини, проблемите со кои тие се соочуваат, причините и пречките за надминување на дискутираните проблеми. Искуствата на граѓаните кои учествуваа на овој настан ги поврзуваме со секундарни податоци добиени од истражувања релеватни за прашањата кои се дискутираа на овој настан. Дополнитено, ги презентираме политиките и предлог-проектите кои учесниците на оваа дискусија сметаат дека треба да бидат спроведени за да се адресираат идентификуваните проблеми.
На оваа дискусија учествуваа 32 учесника. При изборот на учесници целевме да се обезбеди старосната, родовата, јазичната и географската распространетост. Заради Ковид-19 пандемијата настанот се одржа преку платформата Зум.
Консултациите со граѓаните ги осознаваат секојдневните ставови, мислења, забелешки, предлози за решенија во врска со пристапот, достапноста, квалитетот и информираноста за квалитетот на водата за пиење. Консултациите можат да бидат во форма на анкета, јавни расправи и дискусии, каде граѓаните ќе може да ги пренесат своите искуства и проблемите со кои тие се соочуваат. Податоците кои се прибираат на овој начин би овозможиле подобро разбирање на потребите и очекувањата на граѓаните, што би придонело до подобра подоготовка на политиките за водите.