Дводневна работилница во рамки на проектот “Зајакнување на организациите за заштита на потрошувачите за подобри општински услуги во југоисточна Европа”
Институтот за европска политика (ЕПИ) заедно со Организацијата за заштита на потрошувачи на Македонија (ОПМ), во периодот 11.09 -13.09.2015 г. организираа дводневна работилница за BEUC, во рамки на проектот “Зајакнување на организациите за заштита на потрошувачите за подобри општински услуги во југоисточна Европа”. Проектот е финансиран од GIZ, а го имплементира мрежата TEN – Think for Europe Network . На работилницата беа опфатени следниве теми: улогата, функционирањето и приоритетите на BEUC – Евроспката Организација на Потрошувачите; критериуми и услови за стекнување на членство во BEUC; јавните услуги и нивното влијание на потрошувачите; потребите на организациите за заштита на потрошувачите со цел да ги подобрат нивните активности и капацитети; активности и предизвици со кои се соочуваат организациите за заштита на потрошувачи.