Завршна Конференција во рамки на проектот „Примената на принципот на соодветна и правична застапеност во јавната администрација“
На 9 (среда) март 2016 година, во хотелот Холидеј Ин во Скопје, се одржа завршната конференција од проектот „Примената на принципот на соодветна и правична застапеност во јавната администрација“ финансиран од УСАИД и имплементиран од ФООМ. Целта на конференцијата беше официјално презентирање на студијата „Живот и бројки“.
На конференцијата присуствуваа бројни претстаници на институциите, Собранието, невладиниот сектор, претставници на стручно научната сфера и странски претставништва.
Студијата „Живот и бројки“ е прикачена на оваа вест.
Живот и бројки – Соодветна и правична застапеност и интеграција на работното место