Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје има потреба од ангажирање на волонтери во рамки на проектот „Поттикнување јавно учество во конструктивен политички дијалог“, финансиран од National Endowment of Democracy од САД.
Волонтерите ќе бидат ангажирани за време на петтата Национална дебатна анкета што ЕПИ ја организира во соработка со Deliberative Democracy Lab од Универзитетот Стенфорд од САД. Дебатната анкета ќе се одржи на 25 и 26 април (сабота и недела) во Скопје.
Ангажираните волонтери ќе учествуваат во организацијата на настанот и ќе работат заедно со експерт за олеснување на одржувањето на фокус групи и ќе се погрижат за непречен тек на настанот.
Услови за волонтирање:
– Активен студент или завршени додипломски студии
– Способност за работа и функционирање во тим
– Одлични комуникациски вештини
– Организираност и точност
– Посветеност и присуство во текот на целото времетраење на настанот
– Претходно искуство во волонтерски активности или неформално образование ќе се смета за предност
Волонтирањето на оваа Дебатна анкета ви нуди можност за стекнување директно искуство со меѓународно призната методологија за демократско учество и креирање јавни политики. Како дел од нашиот тим, ќе добиете сертификат за волонтерскиот ангажман, како и паричен надоместок во висина од 1700 денари за вашиот придонес. Преку соработката со искусни модератори и експерти, ќе ги усовршите вашите вештини за фасилитација и лидерство, а истовремено ќе имате можност за вмрежување со професионалци и носители на одлуки. За сите волонтери се обезбедени соодветна обука, материјали за работа, како и храна и пијалаци за време на целиот настан.
За да аплицирате испратете ваша кратка биографија и мотивационо писмо на [email protected] со наслов „Пријава за волонтирање_Име и презиме“ најдоцна до 14 април 2026 година.




