ФРА: Обезбедување пристап до јавни услуги за постарите луѓе во дигиталните општества
Населението во Европа станува се постаро, а нашите општества стануваат се повеќе дигитализирани. Многу јавни услуги се достапни на интернет, а многу повеќе услуги се дигитализирани.
Но, податоците од ЕУ покажуваат дека само 1 од 4 луѓе во ЕУ на возраст од 65 до 74 години имаат барем основни дигитални вештини. Значи, постарите луѓе може да бидат лишени од нивните основни права, како што се пристап до здравствена заштита или пензии, во нашите дигитални општества.
Извештајот на FRA за „Темелните права на постарите лица: обезбедување пристап до јавни услуги во дигиталните општества“ открива дека законодавството низ земјите на ЕУ не секогаш го признава ризикот од дигитално исклучување. Исто така, законодавството не ги решава бариерите со кои може да се соочат постарите луѓе.
За да се обезбеди пристап до јавните услуги за сите, земјите на ЕУ треба да обезбедат:
- Еднаков пристап – пристапот до јавните услуги, како што се пензиите или социјалните бенефиции, е основно право. Како што повеќе од овие услуги стануваат дигитални, земјите треба да гарантираат дека постарите луѓе можат да пристапат до нив.
- Целосно учество – постарите луѓе не се секогаш вклучени во дизајнот и развојот на дигиталните услуги. Земјите на ЕУ треба да обезбедат постарите луѓе да се вклучат во дизајнот на дигиталните јавни услуги за да се задоволат нивните потреби.
- Нови дигитални вештини – не секој ги има потребните вештини или ресурси за да користи дигитални алатки. За да се избегне дигитално исклучување, земјите би можеле да ги користат фондовите на ЕУ за да им помогнат на постарите луѓе да ја подобрат својата дигитална писменост.
- Борба против дискриминацијата врз основа на возраст – дискриминацијата врз основа на возраст влијае на подготвеноста и способноста на луѓето да се вклучат во современите технологии. Земјите треба да го поттикнуваат учењето меѓу врсниците, обуката меѓу генерациите и да избегнуваат дискриминаторски јазик кон постарите.
- Инклузивно собирање податоци – нема податоци ширум ЕУ за дигиталната писменост на луѓето над 74 години, иако оваа група ќе претставува 20% од популацијата на ЕУ до 2050 година. Податоците за оваа возрасна група треба да се собираат систематски.
Овој извештај се базира на податоците од Истражувањето за фундаменталните права на Еуростат и ФРА.
Како национален истражувачки партнер на ФРА за Северна Македонија, податоците за земјава и извештајот за Северна Македонија се изработени од страна на Институтот за европска политика – ЕПИ.