Одредници за ЕУ реформи – колку се ефикасни? БЕНЧЕР

Пристапување во ЕУ – следење и застапување: Одредници за ЕУ реформи – колку се ефикасни? БЕНЧЕР

Институтот за европска политика, заедно со партнери од регионот, на 1 јануари 2017 година започнаа да го спроведуваа проектот „Одредници за ЕУ реформи – колку се ефикасни? БЕНЧЕР“. Целта на овој проект е да ја утврди ефикасноста на одредниците за членство во ЕУ на земјите од Западниот Балкан како поттик за имплементирање на реформи, но и придонес за подобрување на овој механизам.

Проектот ќе придонесе за споделување и пренесување знаења и искуства меѓу државите на Западниот Балкан. Дополнително ќе придонесе кон подобрување на регионалната соработка на организациите кои работат на интеграцијата во ЕУ, имајќи предвид дека партнерите кои учевствуваат во проектот ги претставуваат сите земји од регионот.

Регионалните партнери се:

  • ● Центар за европски политики – Србија
  • ● Надворешно-политичка иницијатива БХ – Босна и Херцеговина
  • ● Група за правни и политички студии – Косово
  • ● Институт алтернатива – Црна Гора
  • ● Институт за демократија и медијација – Албанија

Проектот е финансиран од Европскиот фонд за балканот.

Post by epiadmin

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *