Презентација на истражување за влијането на ССА и ЦЕФТА2006

Јул 20, 2018

epiadmin

Новости

0

Институтот за европска политика (ЕПИ) ве поканува на презентација на истражувањето Ефектите на процесот за стабилизација и асоцијација врз европската интеграција и регионална соработка на ЗБ6: Достигнувања и патоказ за иднината, кое ќе се одржи на 25 јули 2018 година (среда), во Јавна соба, со почеток од 09:30 часот. Истражувањето кое ќе се презентира, со фокус на Македонија, е дел од поголемо истражување на ефектот на ЦЕФТА2006 / ССА на земјите од Западен Балкан. Настанот ќе го отвори д-р Симонида Кацарска, директорка на ЕПИ и Марина Серафимовска, економски советник во Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје.

На настанот ќе се обратат авторите на истражувањето – д-р Малинка Ристевса – Јорданова, експерт за евроинтеграции и проф. д-р Силвана Мојсовска,  проф. д-р професор на Екононскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Метоиј“, а во дискусијата ќе се вклучат м-р Драган Тилев, државен советник за европски политики и координација, Секретаријат за еропски прашања и проф. д-р Фатмир Бесими, професор на УЈИЕ.

По презентацијата на наодите од истражувањето, ќе биде отворена дискусија. Подолу се наоѓа дневниот ред на настанот. Настанот ќе се одржува на македонски јазик.

Ве молиме вашето присуство да го потврдите до 12 часот во вторник, 24 јули на линкот: https://goo.gl/forms/DOE3wIobUytRnUEB3, или на телефонскиот број +389 (0)2 3280 110.

Овој настан се организира во рамките на проектот Ефектите на процесот за стабилизација и асоцијација врз европската интеграција и регионална соработка на Западнобалканската шесторка“, кој е финансиран од Министерството за надворешни работи на Германија и Фондацијата Институт отворено општество. Проектот го спроведува Европското движење во Србија, во партнерство со Албанскиот институт за меѓународни студии, Институтот за европска политика – Скопје, Риинвест институт од Косово и Европското движење во Црна Гора.

 

Post by epiadmin

Comments are closed.