Годишен преглед на владеењето на правото во ЕУ 2024 година

Владеењето на правото е темелот на ЕУ, па оттука тоа е основна вредност што мора да ја почитуваат сите земји-членки на ЕУ, како и земјите кандидатки. За да напредуваат на својот пат кон пристапување во ЕУ, земјите кандидатки мора да се придржуваат и до обврските содржани во Европската конвенција за човекови права и Повелбата за темелните права на ЕУ. За прв пат оваа година, неколку земји кандидатки се вклучени во годишните извештаи за владеење на правото, кои се уште еден инструмент за Европската комисија да го измери нивното ниво на усогласеност со стандардите и демократските вредности на ЕУ. Овој годишен преглед се фокусира на тој развој, како и на други релевантни случувања во владеењето на правото на ниво на ЕУ. Исто така, се концентрира на различни аспекти во врска со Поглавјето 23, каде што се идентификувани некои проблеми во Северна Македонија.