Закон за висока раководна служба – Дали Владата се двоуми дали да го усвои?

Професионална, непристрасна и ефективна јавна администрација е клучна за функционирањето на секое демократско општество. Затоа, многу е важно да се регрутираат образовани и квалификувани професионалци кои се избираат врз основа на нивните квалитети, а не врз основа на нивната политичка припадност. Вработувањата, унапредувањата и отпуштањата на државните службеници врз основа на заслуги ќе ги поттикне кандидатите да аплицираат за работни позиции во јавната администрација, бидејќи ќе знаат дека ќе поминат низ транспарентна постапка за селекција и ќе бидат оценети врз основа на нивните компетенции. Истовремено, тоа ќе ги мотивира да бидат проактивни, амбициозни и вредни, при што ќе очекуваат да бидат наградени за својата работа. Ова е особено важно за високите раководни државни службеници со поголеми обврски и одговорности. Оттука, уште позначајно е нивниот избор да се заснова на заслуги. Нивните одлуки ја засегаат целата институција, што значи дека тие мора да ги почитуваат приоритетите на владата и на граѓаните на кои им служат, и да постапуваат во согласност со етичките стандарди. Ваквиот професионален однос кон работата, особено кај високите раководни државни службеници, го зајакнува нивниот личен и институционален интегритет, при тоа зголемувајќи ја одговорноста во работата и зајакнувајќи ја довербата на јавноста во институциите.