Овој инфошит ги прикажува клучните предизвици со кои се соочуваат моделите на судско оправување во различни европски земји. Ги истакнува предизвиците како политичко влијание, недостаток на правна регулатива и судска независност во Италија, Словачка, Полска и Северна Македонија. Документот ги нагласува различните управувачки структури – Судски совет, Судски служби и модели со Министерство за правда и нуди увид во тоа како овие модели влијаат врз интегритетот и ефикасноста на судството.