Повик за учество на дебатен настан во Скопје

Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје објавува повик за учество на дебатен настан „Новите геополитички случувања и влијанието врз Северна Македонија“.  

Настанот е замислен да биде поделен во два дела, првиот дел ќе се фокусира на дискусијата на учесниците каде учесниците ќе разговараат за дадената тема едни со други според прашањата подготвени од модератор, додека вториот дел се однесува на сесијата со прашања и одговори на кој одговори би давал панел составен од министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, професорот од Правниот факултет, Ненад Марковиќ и деканката  на Правниот факултет на Меѓународниот универзитет „Визион“, Весна Попоска.

Овој е трет ваков дебатен настан, на кој граѓаните ќе дискутираат за новите геополитички случувања, местото на Северна Македонија во Европа и светот, како и влијанието од кризите врз позициите на земјава, по првите два кои се одржаа во Тетово и Битола. Оваа дискусија, заедно со останатите дебатни настани ќе биде основа за организирање на Националната дебатна анкета во 2024 година. 

 Настанот ќе се одржи на 30 октомври од 11:30 часот во Скопје и предвидено е да трае до 3 часа. 

 За учеството на настанот е предвиден паричен надомест од 933 денари (бруто). 

Пријавете се за учество на локалниот дебатен настан во Скопје со пополнување на прашалникот. Настанот е наменет за жителите на Скопскиот регион.

Пријавувањето е отворено до 27 октомври, а избраните учесници ќе бидат информирани на 28 октомври. 

За повеќе информации и прашања може да се обратите на info@epi.org.mk. 

Comments are closed.