Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје има потреба од ангажман на волонтер/ка во рамки на проектот „Градиме мостови за заедничка иднина: Владеењето на правото во насока на пристапувањето во ЕУ“, кој е финансиран од Европската Унија.

Времетраењето на ангажманот е предвидено за 3 месеци, со можност за продолжување.

Компензацијата се врши согласно Законот за волонтери.

Како услови за волонтирање ЕПИ го наведува следново:

ЕПИ на своите волонтери им нуди стимулирачка средина за надградување на нивните знаења за европските прашања и спроведување на ЕУ проекти преку нивно вклучување во сите активности на Институтот и менторство во текот на нивното волонтерство.

Преку овој проект волонтерот/волонтерката ќе стекне знаење за стандардите на ЕУ во делот на владеењето на правото, основните човекови права и реформите во правосудниот сектор во нашата држава.

Аплицирајте со испраќање на резиме (CV) и мотивационо писмо на следната електронска адреса: [email protected] Во насловот на електронската порака задолжително е да се наведе ЕПИ_оглас_за_волонтер_(датум)_(Име и презиме).

Пријавувањето е отворено до 14 април 2023 година (петок).