Владеење на правото во Романија: Бескрајната приказна на една земја-членка на ЕУ
Овој краток извештај содржи преглед на најновите случувања во владеењето на правото во Романија, забележани преку Механизмот за соработка и верификација (ЦВМ) на Европската унија (ЕУ), со посебен фокус на независноста на судството и реформите во правосудството. Тоа е исто така од одредена важност и за македонските власти, бидејќи потврдува дека е важно да се обезбеди рамка за долгорочна евалуација на моменталните реформи на судството како предуслов за одржливи и ефикасни реформи, кои исто така ќе продолжат да се спроведуваат по пристапувањето на земјата во ЕУ.