Подигнување на минималните работнички стандарди во Европската Унија
Во овој краток документ се дава преглед на правните инструменти на ЕУ за транспарентни и предвидливи работни услови и рамнотежа приватен-работен живот за кои рокот за транспонирање истече во август 2022 година.
На 20 јуни 2019 година Европскиот парламент и Советот донесоа две важни директиви за подигнување на минималните работнички стандарди во Европската Унија – Директивата 2019/1152 за транспарентни и предвидливи работни услови во Европската Унија (ЕУ директива 2019/1152) и Директивата 2019/1158 за рамнотежа помеѓу приватен и работен живот за родител(к)и и негувател(к)и (ЕУ директива 2019/1158). На 1 август 2022 година истече рокот за транспонирање на ЕУ директивата 2019/1152, а на 2 август 2022 година и рокот за транспонирање на ЕУ директивата 2019/1152. Во овој краток документ се осврнуваме на главните новини и значењето на овие две директиви, како и на тоа што е важно за нашата земја во врска со нивното усогласување.