Давање услуги во сектор образование
Целта на овој извештај е да се претстави анализата на испораката на услуги од страна на Министерството за образование и наука (МОН) на Република Северна Македонија (МКД). Анализата е структурирана согласно осумте барања што се поврзани со: (1) можност за граѓаните да ги искажат своите мислења за квалитетот на услугите што ги добиваат од одредена институција во даден сектор; (2) јавно споделување информации за повратните информации добиени од граѓаните и колку биле задоволно од добиените услуги; (3) детално расчленување на таквите информации; (4) приспособување на информациите што се обезбедени на потребите на ранливите групи; (5) постоење на различни канали за пристап на услугите во конкретниот сектор; (6) фази на развој на е-услуги што ги обезбедува институцијата од конкретниот сектор; (7) има информации за граѓаните за достапноста на услугите на конкретниот сектор; и (8) податоци релевантни за услугите во конкретниот сектор се достапни во отворен формат.