Управување со човечки ресурси во сектор животна средина
Фокусирајќи се на начелото на РЈА за јавната служба и управувањето со човечките ресурси, овој извештај ги анализира вработувањата на административните службеници во областа на животната средина што биле извршени во 2021 година. Опсегот на оваа анализа е ограничен само на оние позиции што се пополнети со јавен конкурс за административни службеници за кои постапката за вработување почнала и завршила во 2021 година. Поконкретно, анализата се фокусира на два јавни конкурса за вработување, еден во Министерството за животна средина и просторно планирање и еден во Државниот инспекторат за животна средина. Притоа, првата институција имала девет работни позиции што требало да бидат пополнети од 11 административни службеници, а втората имала две испразнети работни позиции за двајца административни службеници.