Национална дебата за изборните реформи во Северна Македонија [материјали за информирање]

Материјали за информирање за третата Национална дебатна анкета организирана од ЕПИ во соработка со Центарот за делиберативна демократија од Универзитетот Стенфорд во САД.

Важно е да се забележи дека во контекстот на дебатната анкета, овие материјали се фокусирани само на парламентарните избори. Овој документ претставува сумарен преглед на четирите тематски групи на настанот за дебатната анкета. Во документот се застапени:

1. Општи, теоретски информации за изборите и изборните системи, вклучително и за различните видови и модели;
2. Историски податоци за изборниот систем во Северна Македонија, со особен осврт на четирите тематски прашања; број на изборни единици, видови листи на кандидати, гласање во странство и регистрација на гласачи во Избирачкиот список;
3. Информации за различни модели и опции (односно можни реформи) во контекст на четирите теми, при што се дадени аргументи за и аргументи против за секоја од опциите/реформите.

Иако има многу аспекти на изборните системи и различни изборни модели низ светот, со оглед на временското ограничување, фокусот на дебата, а со тоа и на овој документ, е ставен врз бројот на изборните единици, видовите листи на кандидати, гласање во странство и запишувањето гласачи, како четирите главни теми поврзани со изборните реформи во Северна Македонија во изминатите неколку години. Документот, сепак, не ги изнесува сите можни приоди на политиката на ова поле, а дадени се аргументи за и против во однос на опциите за секоја од темите. Следствено, документот служи како основа за поттикнување на дискусии за овие теми. Ве покануваме да дискутирате за аргументите за и против кои се изнесени во овој документ, како и да изнесете ваши аргументи за унапредување на дискусијата. Повеќе од добредојдени се и аргументи за алтернативни модели.

Comments are closed.