Учество на јавноста во дефинирањето на клучни стратешки документи за реформа на јавната администрација (РЈА)

Консултациите претставуваат структурирано учество на јавноста, што опфаќа барање, добивање, анализирање и давање одговор на повратните информации од засегнатите страни, преку претходно дефинирање на целта и предметот на консултациите, без разлика на тоа дали се работи за иницијатива за политика во одредена областа, регулаторна промена или предлог закон.

Примената на процесот на јавни консултации има различни импликации за подобрувањето на регулаторната рамка. Доколку се спроведе навреме и делотворно, процесот на консултации го собира колективното познавање или интелигенција на општеството и помага да се соберат емпириски информации во аналитички цели, а особено како предуслов за придвижување на процесите на одлучување кон модели кои сè повеќе се засноваат на анализи. Исто така, механизмите за консултации сè повеќе се одликуваат со поголема отвореност и достапност, особено кога станува збор за помалите и помалку организирани интересни групи, што пак од своја страна резултира со поголем степен на плурализам во приодот кон консултациите. Консултациите се својствени за транспарентно и делотворно управување.

Comments are closed.