Објавување информации за јавната служба во Северна Македонија: Зошто се важни транспарентноста и отчетноста?

Институциите се транспарентни тогаш кога на засегнатите страни им овозможуваат да разберат и да препознаат дека тие работат чесно. Со цел да постигне транспарентност, предметната институција на засегнатите страни треба да им даде информации кои се точни, целосни и навремено обезбедени. Транспарентноста носи отчетност. Препораката од 2019 г. на Советот на ОЕЦД за лидерство и капацитети на  јавната служба содржи 14 начела за функционална јавна служба со капацитет соодветно да ги обезбеди услугите. Овие начела го вклучуваат и  начелото во однос на дефинирање на „долгорочен, стратешки и систематски пристап кон управувањето со луѓето, заснован на докази и инклузивно планирање, кое се потпира на оценки засновани на докази за потребните и вештините што се достапни за да се задоволат сегашните и идните барања за извршување на основната дејност, при тоа користејќи податоци за човечките ресурси и работната сила за стратешка и предикативна аналитика, истовремено преземајќи ги сите чекори неопходни за да се обезбеди доверливост на податоците.“

Во Северна Македонија, јавноста мора да биде информирана за службените податоци и извештаи за јавната служба за вработените во централната државна администрација. Ова е законска обврска која произлегува од Законот за административни службеници (ЗАС) и Законот за вработените во јавниот сектор (ЗВЈС). Во контекст на соодветно дефинирање и спроведување на политика за управување со човечките ресурси (УЧР), од суштинска важност е надлежните власти да поседуваат целосни и сигурни податоци за нивните човечки ресурси. Ова не значи дека треба јавно да се објавата сите информации за УЧР, со оглед на тоа што има одреден вид на информации кои не може јавно да се даваат, како што се личните податоци. Сепак, отсуството на напори за промовирање и дисеминирање на информации за државната служба може да значи дека владите или не ја препознаваат важноста на отчетноста или дека се загрижени за потенцијална реакција на јавноста за она што може да се смета за предимензионирана и недоволно ефикасна администрација.

Comments are closed.