Клучни предизвици во кривично-правната област во РСМ
Казнено-правниот систем е најсложената клетка на еден општествено-политички систем, особено имајќи ја предвид нејзината улога во воспоставувањето на „мирот“ и обезбедувањето на гаранциите за уживање на индивидуалните права, што во конкретниот случај треба да ги обезбеди државата, како гарант на тие права и чувар на јавниот интерес. За остварување на таа цел, потребна е стабилна и култивирана правна регулатива, етаблирани државни органи и особено независно и самостојно судство. Добро етаблираните три компоненти претставуваат гаранција за заштита на уставниот поредок и општествените односи во една држава, преку заштита на индивидуалните слободи и права на граѓаните.