Повик за експерт/и за подготовка на анализа за статусот на имплементација на реформите поврзани со медијацијата
Институтот за европска политика објавува повик за експерт/и за подготовка на анализа за статусот на имплементација на реформите поврзани со медијација Повикот се објавува во рамките на проектот „Медијација, без дилема!“, финансиран од амбасадата на Кралството Холандија.
Целта на задачата е да се подготви анализа за статусот на имплементација на реформите за медијација предвидени во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017 – 2022 година со Акциски план. Експерт/ите ќе треба да спрове канцелариско истражување за соодветните закони, меѓународни и национални документи и интервјуа со релевантни засегнати страни, со акцент на Министерството за правда, Комората на медијатори, судиите, медијаторите. Истражувањето ќе има за цел да го анализира напредокот во процесите за реформа на медијацијата во земјата преку анализа на податоците од интервјуата и соодветните закони и документи. Анализата ќе ги вклучува наодите од фокус групата со претставници од бизнис секторот, која треба да ја спроведе експерт/ите со поддршка на ЕПИ.
При спроведувањето на активностите, експерт/ите треба да биде во редовна комуникација и координација со проектниот тим. Од избраниот кандидат/кандидати се очекува да ги изврши следните активности:
- Анализа на политика за статусот на имплементација на реформите за медијација предвидени во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017 – 2022 година со Акциски план. Експерт/ите ќе треба да спроведе канцелариско истражување за соодветните закони, меѓународни и национални документи и интервјуа со релевантни засегнати страни (најмалку 3 интервјуа), со акцент на Министерството за правда, Комората на медијатори, судиите, медијаторите. Истражувањето ќе има за цел да го анализира напредокот во процесите за реформа на медијацијата во земјата преку анализа на податоците од интервјуата и соодветните закони и документи. Анализата ќе ги вклучува наодите од фокус групата со претставници од бизнис секторот, која треба да ја спроведе експерт/ите со логистичка поддршка на ЕПИ.
- Подготовка на прашалник и модерирање на фокус група со бизнис сектор. Логистиката за организација на фокус група, како и средствата ќе бидат обезбедени од ЕПИ.
На овој повик може да се пријави индивидуален експерт или група од експерти со најмногу 3 експерти кои ги исполнуваат условите.
Експерт/ите кој ќе биде ангажиран треба да ги исполнува следниве услови:
- Најмалку високо обрaзование по општествени науки;
- Најмалку 5 години работно искуство во активности поврзани со анализи, следење и евалуација на политики.
- Предност ќе имаат кандидатите кои имаат спроведени истражувања поврзани со медијацијата.
Максималниот бруто износ за финализирање на активностите за кои ќе биде ангажиран експертот или групата на експерти не може да надмине 102250 денари.
Експертoт/експертите е потребно да ги достави следните документи:
- Детално резиме (биографија) на македонски или англиски јазик, со преглед на релевантно искуство;
- Два контакти за препораки од претходно спроведени проекти/ангажмани;
- Организација и методологија за развивање на задачата (Анекс 2);
- Финансиска понуда во форматот прикажан во Анекс 3.
- Пополнета и потпишана изјава од понудувачот (Анекс 4).
Документацијата треба да биде испратена на [email protected] не подоцна од 30 август 2021 година, со предмет (subject): Пријава за експерт за подготовка на анализа за медијација.
Избраниот кандидат ќе биде известен по електронски пат.