ПОВИК за грантови за граѓански организации заинтересирани за следење на реформата на јавната администрација
Проектот WeBER 2.0 – Зајакнување на граѓанското општество од западниот Балкан за реформирана јавна администрација е во потрага по предлози за проекти за спроведување на Програмата за мали грантови за поддршка во следењето на реформата на јавната администрација на локално ниво од страна на граѓанското општество.
Повикот е со вкупна вредност од 225.000 евра и се планира доделување на 30 грантови, секој во вредност до 8000 евра, (6 во Србија, 6 во БиХ, 5 во Албанија, 5 во Северна Македонија, 4 во Косово и 4 во Црна Гора). Проектите ќе траат од 6 до 12 месеци. Проектот WeBER 2.0 е финансиран од Европската Унија.
Повикот и целокупната документација се достапни за преземање:
Повеќе информации за проектот може да најдете тука