Овој проект има цел да го процени влијанието на настаните од 2019 (Брегзит, евроизбори) врз перспективите за интеграција на земјите од Западен Балкан и позитивно да придонесе кон процесот.
Овој проект обединува три организации со искуство во ЕУ интеграции и ќе произведе 3 документи за политики коивнимателно и прецизно ќе ја проценат актуелната ситуација и последните предизвици. Тие ќе ги следат изборите во мај 2019 и наративот околу последните чекори на Брегзит.
Нивните препораки ќе бидат објавени со цел да се ограничи и намали евентуалното негативно влијание од овие настани.
Датуми: од 1 мај 2019 до 30 јануари 2020
Буџет: 3300 евра