Анализа на спроведувањето на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017-2022) за периодот 2019/2019

Граѓанските организации што со години работат на воспоставување на принципот на владеење на правото, почитување на човековите права и воспоставување на независен, непристрасен и, пред сè, неполитизиран правосуден систем, свесни за моментумот и за неопходноста овие реформи да бидат квалитетни и успешни, се вклучија со својата експертиза на ова поле во целиот процес.

Со оглед на важноста за спроведување на реформските мерки и активности предвидени во Стратегијата за реформи во правосудниот сектор 2017-2022 и Акцискиот план, со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија, организациите од Блупринт групата во јули 2018 година почнаа со заедничка акција за следење на судските реформи и застапување за нивно спроведување – „ЗА ПРАВДА“. Блупринт групата за реформи во правосудството се фокусира на следењето на спроведувањето на Стратегијата во однос на почитувањето на временската рамка утврдена со Акцискиот план, транспарентноста на процесот, нивото на вклученост на засегнатите страни и граѓанскиот сектор, оценувањето на квалитетот на предложените закони и политики и влијаење на процесот на реформи во правосудството преку изработка и доставување препораки засновани на докази за предложените закони и политики и унапредување на јавната дебата.

Од овој мониторинг произлезе и Анализата на спроведувањето на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017-2022) за периодот 2019/2019.

Блупринт групата останува посветена на овие процеси и со своето искуство и со својата експертиза ќе продолжи да придонесува за целосно, квалитетно, транспарентно и инклузивно спроведување на реформите во правосудниот систем, со цел воспоставување на принципот на владеење на правото, враќање на довербата на граѓаните во судството и успешни евроинтеграции. Групата ја сочинуваат Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, Коалицијата „Сите за правично судење“, Македонското здружение на млади правници, Институтот за европски политики, Институтот за човекови права, Центарот за правни истражувања и анализи и Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Comments are closed.