Младинска вработеност во Република Северна Македонија – основна студија и препораки

Република Северна Македонија (РСМ) се соочува со една од најголемите стапки на младинска невработеност во Европа. Дополнително, последните истражувања покажуваат дека младите не се чувствуваат вклучени во општествено-економските случувања што придонесува кон нивната желба за иселување од државата. Младинските организации на локално и национално ниво низ различни проекти и иницијативи се обидуваат да ја подобрат ситуацијата на младите, но често не наидуваат на поддршка и соработка од страна на институционалните чинители. Во исто време, во изминатите години се донесени повеќе мерки и механизми од страна на државата чие дејство и влијание врз подобрување на општествено-економското вклучување на младите не е забележително.

И покрај тоа што се спроведени многу истражувања за невработеноста меѓу младите инивната вклученост во општествените процеси, сепак недостасува обид за идентификување насевкупната ситуација, особено што се однесува до улогата на локалните власти припоттикувањето на младинско вработување, како и важноста на вклучувањето на младите за дасе поттикне локален развој.

Оттаму, цел на ова истражување беше да се генерираат и приберат податоци и да се идентификуваат и формулираат докази од кои ќе произлезат конкретни три сета на препораки кои ќе вклучуваат општи препораки за младинско вработување во Република Северна Македонија; младинско вработување и локален развој во Република Северна Македонија; младинско вработување за општествено-економско вклучување на младите во Република Северна Македонија. Во исто време целта на овие препораки е да придонесат кон подобрување на законската рамка за вработување на младите во Република Северна Македонија и да понудат механизми со кои ќе се подобри општествено-економското вклучување на младите, особено на локално ниво.

Истражувачкиот фокус беше ставен на младинско вработување, со тоа што најпрво се направи терминолошко разграничување помеѓу поимите кои се обработуваат: младинско вработување, младинско учество, младинска вклученост, одржлива вработливост, општествено-емотивно донесување одлуки, локален развој. Тематските области кои се обработуваат како дел од фокусот на истражувањето се младинското вработување и локалниот развој во Република Северна Македонија; и младинско вработување за општествено-економско вклучување на младите во Република Северна Македонија. За оваа цел се анализираа политиките за младинско вработување и добри практики; стратешки документи за млади и претходни истражувања на темата во Република Северна Македонија; и активни политики и иницијативи за вработување млади во Република Северна Македонија на локално и национално ниво.

Comments are closed.