Администрацијата во огледалото на европската рамка за проценка
Оваа публикација е резултат од проектот „Европеизација на администрацијата преку спроведување на Заедничка рамка за процена – релевантноста на словачкото искуство“. Проектот беше подготвен со помош на Понтис Фондацијата и Балканската мрежа за развој на граѓанско општество, и поддржан од Словачката официјална развојна програма SlovakAid преку Словачко-Балканскиот фонд за јавна политика. Проектот беше спроведен во периодот март-јули 2012 година и вклучуваше истражување на примарни и на секундарни извори, како и студиско патување во Република Словачка. Публикацијата се објавува на македонски и на англиски јазик. Македонската верзија е подетална и поопширна, додека англиската верзија е поконцизна и се концентрира повеќе на главните наоди и препораки.
Публикацијата може да ја погледнете тука.