Зајакнување на парламентарната контрола врз користењето на ЕУ фондовите во Република Македонија

Зголемениот интерес на пратениците, граѓанското општество и медиумите, од една страна, и недостатокот на синтетизирани, структурирани и редовни информации за користењето на фондовите на ЕУ, од друга страна, го поттикна Институтот за европска политика (ЕПИ) да воведе Програма за следење на фондовите на ЕУ (ИПА монитор) во 2012 година. Програмата функционира како редовна повеќегодишна активност на Институтот. Во рамките на оваа Програма ЕПИ го спроведе Проектот ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ПАРЛАМЕНТАРНАТА КОНТРОЛА ВРЗ КОРИСТЕЊЕТО НА ФОНДОВИТЕ НА ЕУ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, поддржан од Програмата 2012 „Think and link“ на Европскиот фонд за Балканот.

Публикацијата може да ја погледнете тука.

Post by Naum Naum

Comments are closed.