Прирачник за реинтеграција на Роми-повратници
Овој прирачник е наменет за Роми-повратници од западноевропските или други земји, во кои престојувале како баратели на азил или економски мигранти,во Република Македонија. Тој нуди едноставни насоки и основни информации на повратниците за можностите и поддршката што можат да ја добијат од јавните институции, граѓански организации и други чинители за полесно да се вклучат во животот на заедницата.