ТЕН Регионална конференција во Белград на 9-10 септември 2015 година

Организатори на Конференцијата се Центарот за европски политики (ЦЕП) од Белград, Институтот за европска политика (ЕПИ) од Скопје и Институтот Алтернатива (ИА) од Подгорица. Целта на Конференцијата е да се отвори регионална дебата за ефикасноста на јавната администрација во земјите од Западна Европа. Посебен фокус ќе биде ставен на улогата и значењето на ревизијата на успешност […]

Прва работилница во рамки на проектот „Дијалози за Визија“

Во рамки на проектот Дијалози за Визија поддржан од Британската амбасада во Скопје кој го спроведува ЕПИ, во јули 2015 година се одржа работилницата „Македонскиот институционален контекст и Проценка на влијание на регулативата“. Целта на оваа работилница беше да се зголемат капацитетите на граѓанските организации за идентификување на македонските институции, како и комуницирање и застапување […]

Завршна конференција Мрежа 23

Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје, Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и Центарот за управување со промени, Ве покануваат на завршната Конференција од проектот Мрежа 23. Настанот ќе се одржи на 9 јули (четврток) 2015 година, во хотелот Холидеј Ин (сала Милениум 1) во Скопје, со почеток во 10.00 часот. Проектот беше […]

Започна спроведувањето на проектот „Дијалози за Визија“

Институтот за европска политика-ЕПИ со финансиска поддршка од Британската амбасада во Скопје започна со спроведување на проектот „Дијалози за Визија“. Земајќи ја предвид актуелната состојба во Република Македонија, недостатокот на јавни дебати за креирањето политики, особено во Парламентот, проектот треба да внесе живост на веќе воспоставените механизми на консултирање. Целта на проектот е зајакнување на […]

Влијанието на Турција врз евроинтеграцискиот процес на Западен Балкан

Настанот имаше за цел да иницира дебата за тоа како различните модалитети на интеграција применети од ЕУ, влијаат на процесот на пристапување кон ЕУ на земјите од Западен Балкан. Особен осврт ќе беше даден на влијанието и значењето на евроинтегративниот процес на Турција. Главни дискутанти на дебатата беа професорка од Шабанци Универзитетот од Истанбул – […]

ЕУ и актуелната политичка криза во Македонија

На 30 март 2015, Институтот за европска политика (ЕПИ)  ја организираше тркалезната маса  „ЕУ и актуелната политичка криза во Македонија – влијанија, инволвираност и перспективи“. На тркалезната маса присуствуваа претставници на институции, дипломатскиот кор, политички партии и граѓанскиот сектор. Малинка Ристевска Јорданова, директор на ЕПИ, ги поздрави присутните со објаснување дека тркалезна маса не претставува очајнички […]

Почетен состанок на проектот “Зајакнување на организациите за заштита на потрошувачите за подобри општински услуги во ЈИЕ”

Почетниот состанок на проектот “Зајакнување на организациите за заштита на потрошувачите за подобри општински услуги во Југоисточна Европа” се одржа во Белград во февруари, 18-ти 2015 година. На состанокот од ЕПИ присуствуваше  Ардита Абази Имери, Програмски координатор за секторски политики. Проектот е финансиран од страна на германската организација за меѓународна соработка (Deutsche Gesellschaft für Internationale […]

Конференција “Вградување на знаењето за ЕУ”

Конференцијата е дел од проектот “Вградување на знаењето за ЕУ” поддржан од Британската амбасада во Република Македонија. Изминативе три месеци активно се работеше на формирање на иновативна платформа составена од млади експерти како оригинален и нов домашен ресурс на ЕУ еспертиза. Членовите на неформалната своите постдипломски, специјалистички или докторски студии ги завршиле надвор од земјата во […]

Тркалезна маса “Зајакнување на парламентарната контрола врз користењето на ЕУ фондовите во РМ”

Институтот за европска политика на 21.02.2013 (четврток) година во хотел Александар Палас со почеток во 10.00 часот ќе организира тркалезна маса на тема“Зајакнување на парламентарната контрола врз користењето на ЕУ фондовите во Република Македонија.” Проектот е дел од Програмата на ЕПИ за следење на користењето на фондовите на ЕУ во Република Македонија и е финансиран е од Европскиот фонд за Балканот. Во […]

„Пристапувањето во ЕУ: која е улогата на граѓанските организации?“

Цел на оваа работилница е да се овозможи плодна и стручна дискусија за обезбедување поголема вклученост на граѓанското општество (ГО) во пристапувањето во ЕУ, вклучувајќи го и подобрувањето на капацитетите на ГО за користењето на фондовите на Европската унија. Работилницата ќе овозможи дебата со меѓународни говорници, со посебен акцент на начините за овозможување на заеднички […]