Интегрирање на принципите на РЈА во секторските политики – Обезбедување услуги и дигитализација
Овој извештај има цел да ја прикаже анализата на учинокот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) на Република Северна Македонија (РСМ) во давањето услуги. Анализата се задржува на следење на секторот земјоделство според три принципи на SIGMA: (19) При конципирањето и давањето административни услуги фокусот е на корисниците; (20) Јавната администрација дава поедноставени и квалитетни услуги; и (21) Административните услуги се лесно достапни на интернет и на хартија, и ги земаат предвид различните потреби, избори и ограничувања. Овој извештај е структуриран според осум барања што се однесуваат на: (1) можноста граѓаните да го изнесат своето мислење за квалитетот на добиените услуги од дадена институција во секторот; (2) јавно прикажување информации за коментари од граѓаните и задоволство од добиените услуги; (3) детално расчленување на тие информации; (4) приспособување на давањето услуги на потребите на ранливите групи; (5) постоење на разни канали за пристап до услуги во секторот; (6) развојни фази на е-услугите што ги дава институцијата во секторот; (7) корисниците имаат на располагање информации за достапноста на услугите во секторот; и (8) податоците релевантни за услугите во секторот се достапни во отворени формати.