ЕПИ е дел од грант за истражување на европската интеграција и правата на граѓаните на Европскиот совет за истражување вреден 2,5 милиони евра
Среќни сме да споделиме дека ЕПИ е дел од победничкиот предлог за Напреден грант на Европскиот совет за истражување (ERC) што го освои професорката Дагмар Шик од Универзитетот во Корк во Ирска. ERC е висококонкурентен грант за истражување на Европската унија од 2,5 милиони евра доделен на етаблирани истражувачки лидери за да водат врвни истражувања. Професор Шик е продекан за истражување на Правниот факултет на Универзитетскиот колеџ Корк (UCC) и ќе го води проектот RIGHTS-TO-UNITE.
Проектот има цел да генерира нова социо-правна теорија за европската интеграција, која ќе ги покрие ЕУ и нејзините соседи и ќе ја истражи нејзината одржливост преку квалитативно истражување. Предводени од професорката Шик, истражувачите ќе истражат дали и како граѓаните ја доживуваат европската интеграција преку либерални/економски права, социјални права и дигитални права, проценувајќи колку правата добиени од ЕУ ги поддржуваат демократските, социјално правичните и инклузивни општества. Истражувањето ќе се фокусира на четири земји од ЕУ (Ирска, Чешка, Грција и Шведска) и четири соседни држави (Северна Ирска, Норвешка, Северна Македонија и Грузија).
ЕПИ е партнерот на RIGHTS-TO-UNITED во Северна Македонија. Задоволство ни е да бидеме дел од овој проект и да ја продолжоиме нашата соработка со професорката Шик која ја започнавме во 2014 година, кога таа беше ментор на нашиот регионален истражувачки проект за меѓусекциски нееднаквости во социјалната заштита во Македонија и Босна и Херцеговина. Исто така, со нетрпение очекуваме да соработуваме со новиот Центар за европска интеграција на UCC, воден од професорката Шик, кој е препознаен како Центар за извонредност Жан Моне.